Партнери на природата и средината во која живееме. Посветени на клиентите и средината во која работиме.
Друштвото за управување со отпад Нула Отпад cвоето дејствување како непрофитна организација во управување со специфичните текови на отпад го започна кон крајот на 2012 година и отогаш функционира исклучително активно и претставува поим за позитивни вредности во заштита на животната средина и човековото здравје.
Нула Отпад ДОО Скопје е правен субјект кој претставува интегриран систем за колективно постапување со отпадни батерии и акумулатори со Дозвола бр. УП1-11/2- 1998/2021 и отпадна електрична и електронска опрема со Дозвола бр. УП1-11/2-1997/2021 издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање. Основан од производители и увозници Нула Отпад ги исполнува во целост сите законски барања за формирање и функционирање на ваков систем.
Побарајте не Еко Линија
+38970236000
+38923256309


13+ години
Успешна еко приказна
Нашето влијание досега
Реални резултати од заедничките напори за почиста животна средина
ВИЗИЈА И МИСИЈА
Доследни во својата мисија, Нула Отпад претставува друштво за управување со отпад кое на пошироката заедница и дава еколошка сигурност градејќи партнерски однос и доверба со сите сегменти на општеството.
- Преземање на обврските во име и за сметка на “производителите” на електрична и електронска опрема и батерии и акумулатори;
- Фокусираност на клиентите;
- Транспарентно работење со континуирана ревизија и доставување на Годишни извештаи до МЖСПП за оставрување на националните цели;
- Поставување на систем за управување со ОБА и ОЕЕО кој ќе креира најголем еколошки бенефит со минимум економски ресурси и напори;
- Подигнување на јавната свест за еколошко управување со ОБА и ОЕЕО ;
- Спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето
Преку разбирањето и решавањето на потребите на заедницата поврзани со заштита на животната средина и здравјето на човекот, растителниот и животинскиот свет, градиме взаемна доверба и чувство на достапност на решенија.
За таа цел Нула Отпад гради партнерства со:
- МЖСПП во исполнување на Националните цели за собирање на ОБА и ОЕЕО;
- Oпштините во изготвување на локалните програми и акти за управување со отпад и заеднички проекти за зголемување на локалните капацитети за собирање, селекција и постапување со овој вид на опасен отпад;
- Лиценцирани компании за собирање, преработка и рецилирање со склучување на договори согласно законите за управување со отпад;
- Невладин сектор за подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од селективно одлагање на електронскиот отпад и отпадните батерии и акумулатори.

БЕЗБЕДНО УНИШТУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Нула Отпад го организира системот на собирање на електрична и електронска отпадна опрема и соработува со лиценцирани рециклатори кои нудат услуга за безбедно и трајно бришење на податоци од рутери (Routers), Back Up ленти, хард дискови (Hard Drive) IDE, SATA, SCSI и SAS, без можност за било какво враќање, со доверливост на Вашите податоци на највисоко можно ниво.
По извршено преземање од страна на лиценцирани транспортни компании и потврда од клиентот сите податоци трајно се бришат.
Се работи по следниве стандарди: NIST 800-88 Purge Secure Erase, IST 800-88 Purge,US DoD 5220.22-M, US DoD 5200.22-M (ECE), US DoD 5200.28-STD, NATO Standard, B. Schneier’s Algorithm.
За поголема сигурност на уништување на податоците организираме и физичко уништување на хард дискови.
Се користи најдобрата достапна техника за рециклажа на сите типови на електронски и електричен отпад (ЕЕ отпад) и нивно одстранување, на сигурен, ефикасен и општествено одговорен начин.
За повеќе информации Еко Линија 070236000
ЛИЦЕНЦИ И СЕРТИФИКАТИ

Лиценци од МЖСПП

РЕШЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА
УП1-11/2-1997/2021

РЕШЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ОД БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ
УП1-11/2-1998/2021
ИСО Сертификати

Систем за квалитет : ISO 9001:2015

Систем за заштита на животната средина: ISO 14001:2015
СУБЈЕКТИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД
Собирање и транспорт, складирање, третман, рециклирање и друг начин на преработка и отстранување на остатоците од преработка на отпадна опрема, колективниот постапувач не може да ги извршува самостојно и е должен да ги довери само на правни и физички лица кои поседуваат соодветни дозволи за постапување со отпад. „Нула Отпад“ ДОО Скопје согласно позитивните законски прописи во Р.С. Македонија има склучено Договори за собирање, складирање и третман на отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори на транспарентен начин, исклучиво со лиценцирани правни субјекти со важечки дозволи за постапување со отпад. Предмет на договорите е воспоставување на меѓусебна деловна соработка на двете договорни страни во врска со услугите за собирање, складирање и третман на отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори од производителите и крајните корисници. Обврските за собирањето и третманот на отпадната електрична и електронска опрема и отпадните батерии и акумулатори во име на „Нула Отпад“ ДОО Скопје согласно овие Договори ги превзема правното лице.

При изборот на правните лица за собирање, складирање и третман на отпадната опрема се почитуваат правилата на конкурентност и заштита на пазарот со цел да се посигне ефикасен и одржлив систем за управување на отпад согласно правилата за управување со посебните текови на отпад каде:
- - Колективниот постапувач е должeн преземањето и транспортирањето на собраните отпадни производи и посебни текови на отпад, од собирните центри или друга инфраструктура во општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, како и од други места, да го довери само на правнo лице коe има важечка дозвола за транспортирање на отпад издадена согласно прописите за управување со отпад, со кое има склучено договор за транспортирање на отпад.
- -Колективниот постапувач е должен да обезбеди правното лице кое врши транспортирање или собирање и складирање на преземените отпадни производи и посебните текови на отпад да ги предаде исклучиво на правно лице кое врши собирање и складирање на отпад и поседува дозвола за складирање на отпад согласно со Законот за управување со отпад или на правно или физичко лице кое има дозвола за преработка и рециклирање на отпад со кое колективниот постапувач има договор за собирање и складирање, односно преработка и рециклирање.
- - Правното лице кои врши собирање и складирање или транспортирање, може да го даде отпадот на друго правно лице што врши собирање и складирање на отпад кое поседува дозвола за складирање согласно со Законот за управување со отпадот, при што е должно да ја наведе количината на отпад што ја има евидентирано дека припаѓа на одделен колективен и е должно за тоа да го извести колективниот постапувач, како и да му ги достави транспортните и идентификациони формулари согласно со Законот за управување со отпадот.

Галерија
Често поставувани прашања
Дознајте ги информациите кои ви се потребни
Да. Нула Отпад овозможува бесплатно преземање електричен и електронски отпад од прагот на вашиот дом или компанија. Пријавувањето се врши преку формуларот „Пријави Е-Отпад" или на Еко-линијата 070 236 000. Уредите треба да бидат целосни, исклучени од вода и струја и поставени на достапно место за преземање.
Отпадните батерии треба да се одложат одделно, во специјално обележани садови за батерии. На веб-страницата на Нула Отпад можете да ги проверите достапните локации, а за најблиското собирно место можете да се информирате и на Еко-линијата 070 236 000.
Да. Се преземаат и големи електрични апарати, како фрижидери, машини за перење и друга опрема за домаќинството. Пред преземањето, апаратите треба да бидат целосни, исклучени од вода и струја и поставени на лесно достапно место.
Стариот мобилен телефон е електронски отпад и не треба да се фрла со комуналниот отпад. Можете да го оставите во соодветен сад или контејнер за електронски отпад. Локациите се достапни на веб-страницата на Нула Отпад, а дополнителни информации можете да добиете на 070 236 000.
Да. Компаниите можат да пријават електричен и електронски отпад преку Еко-линијата или преку онлајн формуларот, со можност да приложат спецификација на опремата. По преземањето ги добиваат потребните документи согласно Законот за управување со отпад, со кои уредите може материјално и сметководствено да се отпишат.
Да. Нула Отпад соработува со лиценцирани рециклатори што нудат безбедно и трајно бришење на податоците од хард дискови и други носачи, без можност за нивно враќање. По преземањето и потврдата од клиентот, податоците трајно се бришат, а по потреба може да се организира и физичко уништување на хард дискот.




