
Е-Капитолијда 2026 започнува
Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на фејсбук официјалната страна на Капитол Mол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.
Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта (основно образование,1-9 одделение).
Правилник-за-Е-Капитолијада 202 6
Учесниците во Изборот на најдобра еко маска ќе имаат за задача да изработат индивидуална или групна креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди и стари и потрошени батерии.
Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до понеделник 30.03.2026год до 12 часот.
Пријава-за-Е-Капитолијада индивидуална маска
Пријава-за-Е-Капитолијада групна маска
Главната награда за индивидуална маска, доделена од стручното жири, е велосипед и ја обезбедува партнерот на проектот – Амбасадата на Република Словенија. Втората награда за индивидуална маска, исто така од стручно жири, е таблет, обезбеден од Нула Отпад.
Третата награда за индивидуална маска од стручното жири е детски тротинет, обезбеден од Офис Плус.
Наградата за најлајкувана маска е мобилен телефон, обезбеден од Нула Отпад.
За најдобра групна маска во категоријата градинка и училиште предвиден е бистро сет за градина, кој го обезбедува Меркур.
За категоријата најлајкувана маска важечки ќе бидат гласовите од објавата на фотографијата до 31.03.2026г. – 12 часот.
Добитниците на наградите ќе бидат официјално објавени на 01.04.2026 од кога ќе се одржи и ревијалниот дел насловен како Еко Парада на бината во Капитол Мол.
Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој и чиста и здрава животна средина за сите.







