+389 70 236 000 / +389 23 256 309
contact@nulaotpad.com.mk
info@nulaotpad.com.mk
MKENSQ

ИНТЕРЕСНО ДА СЕ ЗНАЕ ЗА ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА

Отпадот од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) се смета за најбрзорастечки отпад во ЕУ, со стапка на пораст од 3 до 5%, што е три пати повеќе од стапката на пораст на комуналниот отпад.

Во ЕУ се продаваат од 11 до 12 милиони тони ОЕЕО годишно, најголем удел по маса од ЕЕ отпад отпаѓа на широкиот спектар бела техника и на информатичката и телекомуникациската опрема.
Батериите се неизоставен дел од електричната и електронската опрема.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ЗА ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА

Со рециклажа на компјутери тешки околу 30кг се добива дури 25кг суровина од прва категорија која може да се врати во производство и 4,7кг суровина од втора и трета категорија Е-отпадот содржи чисти и квалитетни суровини, како и многу опасни компоненти (олово, жива, арсен и др.) кои негативно влијаат врз здравјето на луѓето и на животната средина воопшто Поголемиот број од луѓето купуваат нов мобилен телефон на секои 2 години а повеќе од 90% од материјалите со кои се изработени мобилните телефони можат да се рециклираат (не вклучувајќи ја батеријата).

Глобално е-отпадот расте со годишна стапка од 5% што го прави најбрзо растечки отпад на планетата. Тоа значи дека секоја година, глобално, е-отпадот расте за 50 милиони тони, а секој саат се одложуваат 4.000 тони е-отпад. ЦРТ мониторите (со катодна цевка) и телевизиските монитори содржат во просек 2-4кг олово. 40% од оловото во депониите е со потекло од потрошувачката електронска опрема. Дури 70% од ИТ-отпадот може повторно да се употребува, што значи дека истиот може и мора да се рециклира.

Рециклирањето е најдоброто решение за јавното здравје, животната средина и економијата. Различен вид на е-отпад содржи околу 60% метали, 30% пластика и помалку од 10% стакло. Со самото тоа е-отпадот претставува добар извор на различни материјали – суровини кои се помалку се достапни во природата. Во Европа е пракса на 30 илјади жители да постои собирен центар за одлагање на отпадна е-опрема.

Матичните плочи од ИТ опремата имаат копчеста живина батерија. 40% од оловото во депониите е со потекло од потрошувачката електронска опрема. Заштедата на енергија на рециклираниот материјал во однос на оригиналниот материјал од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) која содржи разни видови батерии е прикажана на следнава табела. Материјал Алуминим Бакар Железо/Челик Олово Цинк Заштеда на енергија (%) 95 85 74 65 60 Што треба да се знаеме за електронска и електрична опрема!

Што е Електрична и електронска опрема и уреди?
Електрична и електронска опрема и уреди ( EE -опрема) претставуваат сите производи кои за својата правилна работа во потполност зависат од електрична енергија или елекромагнетни полиња како и опрема за производство, пренос и мерење на струјата или за мерење на јачина на електромагнетни полиња и е наменета за користење при напон кој не е поголем од 1.000V за наизменична и 1.500V за еднонасочна струја и не ја вклучува амбалажата.

Електричната и електронската опрема се карактеризира со најбрз технолошки развој и висок иновациски циклус и ова производство претставува една од најбрзорастечките преработувачки индустрии во светот. Во ЕУ се продаваат од 11 до 12 милиони тони ОЕЕО годишно, а најголем удел по маса отпаѓа на широкиот спектар бела техника и на информатичката и телекомуникациската опрема.

Што се Електричен и електронски отпад?
Електричен и електронски отпад (EE отпад) е отпадната електрична и електронска опрема вклучувајки ги склопките и составните делови, кои настануваат во стопанството (индустрија, обработка и др.), електронски отпад од домаќинства, односно отпадна електрична и електронска опрема настаната во домаќинствата или во производно/ услужни дејности кога по врста и количина е слична на ЕЕ отпадот од домаќинства. Отпадот од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) се смета за најбрзорастечки отпад во ЕУ, со стапка на пораст од 3 до 5%, што е три пати повеќе од стапката на пораст на комуналниот отпад.

Зошто всушност се категоризираат како опасен отпад?
Отпад од електронска и електричена опрема (ОЕЕО) е комлекс на отпад од различни материјали и компоненти, вклучувајки и опасни материи и према Законот за управување со отпад неможе да се меша со други типови на отпад. Електричен и електронски отпад содржи отровни и многу често канцерогени супстанци, па заради тоа е многу опасен за човековото здравје , животната средина и нашата планета. Батериите се неизоставен дел од електронска и електричена опрема.

Што претставува рециклажа на ее отпад?
Целта за управувањето со ЕЕ отпадот е успоставување на систем за одвоено собирање на електричниот и електронскиот отпад. Потребно е да се класифицира врз основ на категориите на ЕЕ отпад за негова понатамошна употреба, згрижување и заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Овие ризици можат да бидат значајно намалени доколку добро се управува со тој отпад. Елементите на доброто управување се: одвојување од другиот отпад, соодветен технички третман, со кој ќе се намали ослободување на штетни материи и ќе се овозможи што поголема рециклажа на истиот.

Рециклажа е збир на активности со кои се обезбедува повторно искористување на отпадните материјали.

Во моментов во РМ повеќе од 90% од ОЕЕО завршува на депонија. Со рециклажата се постигнуваат следните цели:
1. Штедење на сировински ресурси
2. Заштеда на енергија
3. Заштита на животна средина