+389 70 236 000 / +389 23 256 309
contact@nulaotpad.com.mk
info@nulaotpad.com.mk
MKENSQ

Повик за учество: „Направи забава на батерии“

Еко-предизвик за градинки и основни училишта од сите општини!

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на батеријата, месец февруари го
посветуваме на едукативно-еколошкиот проект „Направи забава на батерии“, во
организација на Нула Отпад ДОО Скопје и Фондација Берта Додевска Скопје.

Ги покануваме сите градинки и основни училишта во Република Северна Македонија, со
поддршка на општините, да се вклучат во овој креативен еко-предизвик и заедно со
децата да покажеме дека грижата за животната средина може да биде забавна,
едукативна и инспиративна.

Како да учествувате?

1.Организирајте креативни, ликовни, игровни или едукативни активности поврзани
со селекција и правилно одлагање на отпадни батерии.

2. Собирајте отпадни батерии во посебни садови.

3. Подгответе видео до 60 секунди (препорачливо во вертикална положба), кое ги
прикажува реализираните активности и пренесува јасна порака за правилна
селекција на отпадни батерии.

4. Испратете го видеото на info@nulaotpad.com.mk, заедно со пријавата -  пополни пријава
најдоцна до 25 февруари.

5. Видеата ќе се објавуваат на официјалната Facebook страница на Нула Отпад, по
редослед на пристигнатите пријави.


Колку порано ја испратите пријавата – толку порано вашето видео ќе биде објавено!

Награден фонд
 30.000 денари – 1 место (избор на стручно жири)
 20.000 денари – 2 место (избор на стручно жири)
 10.000 денари – најлајкувано видео

За категоријата „најлајкувано видео“, валидни се гласовите на официјалната Facebook
страница на Нула Отпад од моментот на објавување до 5март до 12:00 часот.
Прогласување на добитниците: 6 март 2026 година

Ги охрабруваме општините да го споделат повикот со училиштата и градинките и заедно
да создадеме генерации на мали еко-херои.

Да покажеме дека еко-грижата може да биде забава!