+389 70 236 000 / +389 23 256 309
contact@nulaotpad.com.mk
info@nulaotpad.com.mk
MKENSQ

КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ НА ПРАВИЛЕН НАЧИН ОД СТАРИТЕ И НЕИСПРАВНИ ЕЛЕКТРИЧНИ УРЕДИ ОД ДОМОТ/КОМПАНИЈАТА?

Современиот начин на живот наметнува постојано купување на нови електрични и електронски уреди, а со тоа исфрлање на старите, дотраени уреди. За таа цел Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач формира ЕКО ЛИНИЈА како достапен сервис за граѓаните и правните лица да пријават и на правилен начин да се ослободат од eлектричниот и електронскиот отпад.

Преку ЕКО-ЛИНИЈАТА – 070 236 000 граѓаните и компаниите на територијата на нашата држава можат секој работен ден да пријават електричен и електронски отпад и правилно да се ослободат од истиот. Со едноставно јавување, се врши БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМАЊЕ од прагот на нивниот дом. Уредите треба да се исклучени од вода и струја и да се на достапно место за преземање.

Физичките лица при самото преземање потпишуваат изјава – документ од МЖСПП со кој изјавуваат од што (каков уред) се ослободуваат.

Сите правни субјекти по подигнувањето на отпадот од страна на Нула Отпад, ги добиваат сите документи согласно Законот за управување со отпад, со кои можат материјално и сметководствено да ги отпишат своите неисправни електронски и електрични уреди и да докажат дека на исправен начин кој не ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето и согласно законите се ослободиле од истите.

Да уживаме во придобивките на технолошкиот напредок, без притоа да го загрозуваме сопственото здравје и животната средина.

Помалку неред дома и повеќе време со блиските во чиста и здрава природа се најверојатно највидливите придобивки од користењето на Еко Линијата на Нула Отпад.

Со користење на Еко Линијата Вашите стари електрични уреди нема да завршат неславно во депонија или во природа, нема да и наштетите на животната средина и планетата, нема да го загрозите човековото здравје и нема да кршите закони.

Во насока на заштита на животната средина и човековото здравје, Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и компаниите да ја користат еко линијата како безбеден, лесен и сигурен начин за правилно одлагање на опасниот отпад.

photo

ЕКО-ЛИНИЈА

070 236 000

ЕКО-ЛИНИЈА

070 236 000

Пријави Е-Отпад

Име и презиме
Телефонски број
E-Mail адреса
Избери физичко или правно лице
Име на компанија (доколку сте правно лице)
Пријави уреди за превземање
Адреса на која што се наоѓа отпадот
Приложете спецификација ( Доколку сте правно лица кое сметководтсвено ги должи уредите)
Уредите треба да се целосни, исклучени од вода и струја и на достапно место за преземање.
Уредите треба да се целосни, исклучени од вода и струја и на достапно место за преземање.
Се испраќа
Вашата порака е успешно испратена. Ви благодариме!