КОЛЕКТИВЕН СИСТЕМ НУЛА ОТПАД
Согласно Член 5, точка 5 од З а к о н за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад (Сл. Весник на РСМ бр. 215/21)
„Производител“ е лице коe врши дејности или активности со кои за првпат пушта одделни производи на пазарот во Република Северна Македонија или увезува како краен корисник стоки, со чија употреба се создаваат отпадни производи што припаѓаат на посебните текови на отпад и поради тоа, во споредба со дру гите правни лица кои пуштаат производи на пазарот, има обврска да преземе дополнителни мерки на одго ворност, како и да применува посебни правила на упра вување со посебните текови на отпад за да создаде ус лови за обезбедување на максимална количина на со бирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад согласно со својот удел на пазарот, кои се уредени со овој закон со прописите за посебните текови на отпад.
Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач за отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори за производителите - компаниите кои се дел од колективниот систем како негови Членки овозможува:
- Високо професионални услуги во поглед на преземање и исполнување на нивните обврски како производители преку собирање, третман и рециклирање на електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори и обезбедување на документацијата која ја налага законот за правилен третман за постапување со овие посебни текови на отпад. Согласно член 29 став 13 од ЗПОП, ситемот за собирање, транспорт, складирање и третман на отпадот, НУЛА ОТПАД ДОО Скопје го врши преку склучени договори со домашни правни лица кои поседуваат важечки Дозволи за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадени од надлежните органи;
- Подигање на јавната свест за еколошко управување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори во име и за сметка на своите Членки;
- Организирање на обуки, средби, советодавна и техничка помош за членките од страна на стручниот тим на Нула Отпад во делот на законодавството од областа на управување со посебните текови на отпад и заштита на животна средина.
Сите активности на Нула Отпад се во насока на постигнување на Националните цели за преработка и повторна употреба на отпадната електрична и електронска опрема и отпадните батерии и акумулатори и намалување на можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина.
КОЛЕКТИВЕН СИСТЕМ ЗА ОЕЕО
Согласно член 7 точка 13 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (Сл. Весник на РСМ бр. 176/21) „Производител” е секое правно лице или физичко лице кое без оглед на начинот на кој врши продажба, вклучувајќи ја и продажбата со помош на комуникација на далечина која е уредена со прописите за заштита на потрошувачите во однос на договорите склучени на далечина: - е основано во Република Северна Македонија и произведува опрема под свое име или трговска марка или ја проектирал или произвел опремата па ја продава под свое име или трговската марка на територијата на Република Северна Македонија, - има седиште во Република Северна Македонија и препродава на територијата на Република Северна Македонија, под свое име или трговска марка, опрема произведена од друг производител, со тоа што препродавачот не се смета за производител ако марката на изворниот производителот е наведена на опремата, како што е предвидено во алинеја еден од оваа точка, - има седиште во Република Северна Македонија и поради вршење на својата дејност увезува опрема заради пуштање на пазарот во Република Северна Македонија или извезува опрема надвор од неа. Како производител ќе се смета и производител кој како краен корисник заради свои потреби увезол опрема без посредник, како и правно или физичко лице кое увезува употребувана опрема и ја пушта на пазарот во Република Северна Македонија, - основано е во друга земја и продава опрема по пат на комуникација на далечина директно на домаќинства или други корисници различни од домаќинства во Република Северна Македонија. За производител нема да се смета лице кое обезбедува само финансиска поддршка според или во согласност со каква било финансиска спогодба освен ако тој не делува и како производител во смисла на погоре наведеното.
Согласно член 31 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (Сл. Весник на РСМ бр. 176/21) Производителот, кој годишно пушта на пазар во Република Северна Македонија или како краен корисник увезува опрема без посредник до 100 килограми од Категориите 1, 2 и 4 од членот 5 став (1) од овој закон или до 50 килограми од Категориите 3, 5 и 6 од членот 5 став (1) од овој закон, се смета за мал производител. Мал производител до 15 јануари поднесува барање до МЖСПП за добивање на решение за мал производител во кое се наведува и количеството на опремата која производителот има намера да ја пушти на пазарот во Република Северна Македонија во тековната година. Мал производителот не е должен да влезе во колективен систем и да обезбеди управување со отпадна опрема доколку количеството на опремата што ја пуштил на пазар или ја увезол, не го надминува количеството на годишно ниво утврдено погоре во член 31, но е должен на посебна сметка на органот за животната средина да го плати годишниот паушален надоместок во износ од 6.000 денари на годишно ниво најдоцна до 15 февруари во тековната година. Првиот надоместок од ставот малиот производител го плаќа при регистрацијата од членот 31 од овој закон.
СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА КОЛЕКТИВНИОТ СИСТЕМ ЗА ОЕЕО НА НУЛА ОТПАД За да стане член производителот треба да склучи Договор за преземање на обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема со Нула Отпад. Со склучувањето на Договор за преземање на обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема производителот има обврска месечно или квартално да пријавува увезени/пуштени на пазар количини на електрична и електронска опрема на електронската платформа на Нула Отпад . Во случај кога производителот нема увезено /пуштено на пазар дадениот квартал, повторно има обврска да се најави на електронската платформа на Нула Отпад и да назначи 0 (нула) кг електрична и електронска опрема за тој период. Пријавувањето на количините на електрична и електронска опрема се прави по категории утврдени со закон. Преглед на категории Производителот има обврска за редовно плаќање на надоместок за управување со отпадна електрична и електронска опрема кон НУЛА ОТПАД ДОО Скопје согласно ценовникот за тековната година кој НУЛА ОТПАД го објавува на својата веб страна најдоцна до 15 Ноември во тековната за наредната година.
Секој компанија кој прва увезува/пушта електрична и електронска опрема на пазарот на Република Северна Македонија, за да го направи тоа треба најпрво да се регистрира во Министерството за животна средина и просторно планирање како прозводител на отпад од електрична и електронска опрема.
Доколку сеуште не сте регистрирани во Министерството за животна средина и просторно планирање потребно е тоа да го сторите пред да увезете/пуштите на пазар за прв пат електрична и електронска опрема во Република Северна Македонија. Регистрацијата за производител се прави во Министерството за животна средина и просторно планирање со достава на следните документи:
- Пополнето барање за регистрација на производител во Регистарот на производители за проширена одговорност; преземи барање
- Копија од тековна состојба;
- Копија од уплатница за платена административна такса ( Види уплатница)
- Договор со колективен постапувач

КОЛЕКТИВЕН СИСТЕМ ЗА ОБА
Согласно член 6 точка 10 од Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (Сл. Весник на РСМ бр. 176/21) „Производител“ е правно или физичко лице, кое за прв пат пушта на пазар во Република Северна Македонија батерии и акумулатори, вклучувајќи и такви кои се вградени во уреди или возила, како своја дејност, без оглед на продажната техника која се користи, вклучувајќи ја и продажбата со далечинско комуницирање. Во смисла на овој закон, како производител се смета и правно или физичко лице кое увезува батерии и акумулатори за своја потреба без посредник;
Согласно член 24 од Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (Сл. Весник на РСМ бр. 176/21) Мал производител е производителот кој на пазарот во Република Северна Македонија, годишно пушта или увезува батерии и акумулатори во количини исти или помали од: - 0,5 кг преносни батерии, - 0,5 кг батерии во форма на копче, - 100 кг автомобилски акумулатори или - едно парче индустриски батерии или акумулатор. Мал производителот до 15 јануари секоја година, поднесува барање до МЖСПП за добивање на решение за мал производител во кое се наведува и количеството на производи кои производителот има намера да ги пушти на пазарот во Република Северна Македонија во тековната година. Малиот производител не е должен да влезе во колективен систем и да обезбеди управување со отпадните батерии и акумулатори доколку количината на батериите и акумулаторите пуштени на пазарот во Република Северна Македонија или увезени не ги надминува количините на годишно ниво утврдени во член 24, но е должен на посебна сметка на органот за животната средина да уплати паушален надоместок во износ од 6.000 денари на годишно ниво најдоцна до 15 февруари во тековната година. Првиот надоместок малиот производител го плаќа при регистрацијата од членот 11 од овој закон.
СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА КОЛЕКТИВНИОТ СИСТЕМ ЗА ОБА НА НУЛА ОТПАД За да стане член производителот треба да склучи Договор за преземање на обврски за постапување со отпад од батерии и акумулатори со Нула Отпад. Со склучувањето на договорот производителот има обврска месечно или квартално да пријавува увезени/пуштени на пазар количини на батерии и акумулатори на електронската платформа на Нула Отпад . Во случај кога производителот нема увезено / пуштено на пазар дадениот квартал, повторно има обврска да се најави на електронската платформа на Нула Отпад и да назначи 0 (нула) кг батерии и акумулатори за тој период. Производителот има обврска за редовно плаќање на надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори кон НУЛА ОТПАД ДОО Скопје согласно ценовникот за тековната година кој НУЛА ОТПАД го објавува на својата веб страна најдоцна до 15 Ноември во тековната за наредната година.Секој компанија кој прва увезува/пушта на пазарот на Република Северна Македонија батерии и акумулатори, за да го направи тоа треба најпрво да се регистрира во Министерството за животна средина и просторно планирање како прозводител на отпад од батерии и акумулатори.
Доколку сеуште не сте регистрирани во Министерството за животна средина и просторно планирање потребно е тоа да го сторите пред да увезете/пуштите на пазар за прв пат батерии и акумулатори во Република Северна Македонија. Регистрацијата за производител се прави во Министерството за животна средина и просторно планирање со достава на следните документи:
- Пополнето барање за регистрација на производител во Регистарот на производители за проширена одговорност; Преземи барање
- Копија од тековна состојба;
- Копија од уплатница за платена административна такса ( види уплатница )
- Договор со колективен постапувач





