+389 70 236 000 / +389 23 256 309
contact@nulaotpad.com.mk
info@nulaotpad.com.mk
MKENSQ

Законски обврски поседувач/трговец

„Поседувач” согласно член 7 точка 25 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РСМ“ бр. 176/21) е правно или физичко лице кое со вршењето на својата регистрирана дејност постојано или привремено создава и/или поседува отпадна опрема (како на пример сервиси за поправка на електрична и електронска опрема). Како поседувач, во смисла на овој закон не се сметаат граѓаните или домаќинствата.

“Трговец” согласно член 7 точка 15 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РСМ“ бр. 176/21) е правно или физичко лице кое во синџирот на снабдување ја прави опремата достапна на пазарот. Трговец, може во исто врема да биде и производител.

Обврски на трговецот за повратен прием и собирање на отпадната опрема од домаќинствата:

  • Трговецот е должен, при продажба на опрема на крајниот корисник бесплатно да ја прими назад отпадната опрема, доколку сака да ја врати при што функцијата на отпадната опрема е иста како и продадената, а бројот на парчиња од отпадната опрема е еднаков со бројот на парчиња од продадената опрема (систем еден на еден);
  • Доколку трговецот врши домашна испорака на опрема е должен на крајниот корисник да му понуди бесплатно преземање на отпадната опрема од домаќинствата од местото на кое се врши достава, најмалку за истиот број парчиња опрема со иста класификација и функција, доколку истиот сака да ја предаде;
  • Трговецот кој има малопродажна продавница со површина над 400 m2 е должен да обезбеди простор (во самиот објект на продажниот простор или во негова непосредна близина) за бесплатно собирање на отпадна опрема од домаќинствата со големина чиј надворешен обем е до 25 cm и без обврска за купување на слична опрема од крајниот корисник. Просторот мора да биде достапен до јавноста и означен на начин кој ќе овозможи да бидат истакнати јасно видливи знаци за неговата местоположба на видно место;
  • Трговецот во својот продажен простор, како и на неговата веб-страница, интернет и печатен маркетиншки материјал за продажба, е должен да истакне информација за крајниот корисник за можноста за враќање на отпадната опрема од домаќинствата, како и за неговата обврска за преземање;

Трговецот, собраната отпадна опрема од домаќинствата е должен без надоместок да ја предаде, на собирач или на инсталација за преработка на отпадна опрема кои се дел од систем на колективен или самостоен постапувач со идентификациони и транспортни формулари согласно прописите за управување со отпад;

  • Трговецот не треба да поседува дозвола за местата за повратен прием или за собраната отпадна опрема од домаќинствата во своите деловни простории, во согласност со прописите за управување со отпадот;
  • Трговецот, самостојно или во договор со производителот може да преземе мерки за поттикнување на крајните корисници да ја враќаат отпадната опрема со цел зголемено учество во собирањето на отпадната опрема, олеснување на процесот за повторна употреба и преработка преку нудење попусти при купување нови производи или други поттикнувачки мерки;
  • Трговецот може да одбие да ја прими отпадната опрема од домаќинствата од крајниот корисник доколку: отпадната опрема не ги содржи основните составни делови, опремата содржи друг вид отпад освен отпадна опрема или отпадната опрема е толку оштетена или загадена што поради опасните супстанции кои ги содржи, ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето;
  • Доколку трговецот одбие да ја прими отпадната опрема поради претходно наведените причини, е должен да го извести крајниот корисник за собирен центар, собирно место или инсталација за преработка на отпадна опрема каде крајниот корисник може да ја предаде отпадната опрема;
  • Трговецот е должен да води евиденција за количеството на преземена, собрана како и предадена отпадна опрема од домаќинствата, според вид и категорија на отпад на посебен образец;
  • Евиденцијата што ја води трговецот мора да се наоѓа во деловната просторија, во која се врши трговија и во секое време да биде достапна на надлежните инспекциски органи;
  • Трговецот, од производителот од кој ја набавува опремата е должен да обезбеди писмена потврда дека е дел од самостоен или колективен постапувач за управување со отпадна опрема, односно потврда дека производителот го платил надоместокот кон самостојниот или колективниот постапувач.

-Законски обврски општини

Обврски на градоначалникот согласно Член 19 од од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РСМ“ бр. 176/21):

Градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје е должен да го организира одделното собирање на отпадната опрема од домаќинствата, да организира нејзино собирање од овластен давател на услуги за собирање, да определи и организира собирни пунктови за одделно собирање на отпадната опрема во собирни центри или други времено определени локации на целата територија на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје, каде крајните корисници ќе можат бесплатно да ја оставаат отпадната опрема од домаќинствата.

При определување на локациите на собирните центри, треба да се земе предвид бројот на жителите во населеното место, при што треба да се обезбеди најмалку еден собирен центар на ниво на општина, односно најмалку по еден собирен центар за најмалку 30.000 жители.

Собирните центри од ставот на овој член ги вклучуваат и постојните места и локации за прием на одделно собрани фракции на комунален отпад, доколку овие места ги исполнуваат условите утврдени со овој или друг закон.

Отпадната опрема одделно собрана на определените места се предава на самостојниот постапувач, односно колективниот постапувач врз основа на склучен договор со градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје односно организационите единици за регионално управување со отпад формирана согласно Законот за управување со отпад.

Организационите единици за регионално управување со отпад и општините, општините во градот Скопје и градот Скопје се должни да ја информираат јавноста за адресите на собирните центри на територијата на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје вклучени во системот за управување со отпадната опрема или за локацијата на собирните места.

ЛИСТА НА ОПШТИНИ СО КОИ НУЛА ОТПАД ИМА СОРАБОТКА

-Законски обврски краен потрошувач

Согласно Член 7, став 16 од од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РСМ“ бр. 176/21) „Краен корисник” е физичко или правно лице, потрошувач, кое заради сопствени потреби, а не за продажба, се стекнува со опрема од која по искористувањето настанува отпадна опрема и која ја исфрла, сака да ја исфрли или од него се бара да ја исфрли;

Обврски за крајните корисници:

  • Крајниот корисник отпадната опрема од домаќинствата е должен да ја врати кај трговецот, да ја предаде на собирач во собирен центар или друго место за преземање и собирање, определено на локално односно регионално ниво.
  • Крајниот корисник, отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата е должен да ја предаде на производителот или правно лице кои поседуваат соодветна дозвола, согласно прописите за управување со отпад.
  • Крајниот корисник пред да ја предаде отпадната опрема, е должен да ја собере и да ја чува одвоено, за да не се меша со друг вид отпад и да не се ситни или на друг начин уништува или загадува со опасни или други супстанции, при што нејзината повторна употреба или преработка би биле оневозможени.
  • Отпадната опрема од домаќинствата којашто е толку оштетена, поради што, опасните супстанции содржани во неа, ја загрозуваат или би можеле да ја загрозат животната средина и здравјето на луѓето, односно истата останала без најважните составни делови, или е загадена со друг вид отпад, крајниот корисник е должен да ја предаде во собирен центар, собирно место или инсталација за преработка на отпадна опрема согласно закон.